Натрофејниот тенисер на грен слем турнирите со 20 титули, Рожер Федерер отрки дека многу тешко го поднел поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на овогодинешното издание на Вимболдон. Швајцарецот во текот на мечот не искористи две меч топки а Ѓоковиќ во петтиот сет славеше со 13-12 и стигна до титулата.

  • Кога последен пат плачев? Пред два месеци на Вимболдон. На теренот и на доделувањето на наградите се воздржував а во соблекувалните заплакав. Ме срушија коментарите „Немаше среќа, беше толку блиску“ од најблиските. – изјави Федерер во интервјуто за Газета дело Спорт.

Федерер се осврна на долго поставуваното прашање за негово повлекување од „белиот спорт“.

  • Денес тоа не ме допира. Ми беше чудно кога пред десеттина година ме прашаа за повлекување од тенисот а јас имав 28 години. Тогаш им одговорив дека ќе играм до 32-33 години а сега искрено незнам до кога ќе играм. – истакна Швајцарецот.

Во интервјуто кое го направи скијачката Михаел Шифрин, Федерер зборуваше и за своите идоли од детството и чувството кога го запознал папата. Швајцарецот обелодени дека во тенисот се огледувал на Пит Сампрас и Стефан Едберг, додека од спортистите омилен му бил Мајкл Џордан.

OhridNews

Антологиското финале на Вимблдон за Новак Ѓoковиќ!