Фер судење за капетанот на бродот „Илинден“ Сотир  Филески бараат заповедниците на бродовите кои пловат на Охридското Езеро.

Според нив судскиот процес против Филески треба да се одвива без притисоци и влијанија, туку врз основа на доказите од истрагата, Охридските капетани бараат некомпетентните лица и институции во текот на истрагата да се воздржат од давање изјави кои можат да му наштетат на процесот и воопшто на утврдувањето на вистината што се случи кобниот 5-ти септември  кога бродот со кој управуваше младиот капетан Филески потона кај Елешец при што се удавија петнаесет бугарски туристи.

Заповедниците на бродови поддршката за нивниот помлад колега ќе ја официјализираат преку петиција која  е најавено дека ќе биде објавена денеска.

Ohridnews