Ждрепката во Лигата на Шампиони за нокаут мечевите секогаш носи голема доза на возбудувања, но тоа е само предигра пред натпреварите кои престојат. Во осминафиналето ќе се сретнат двата најголеми клубови во светот Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.


Дефанизевецот на “црвените ѓаволи“ Рио Фердинанд преку социјалните мрежи “Фејсбук и Твитер“ се огласи за ждрепката во Лигата на Шампиони.

– О да, Реал Мадрид. Какви два натпреварите ќе бидат тие. Кристијано Роналдо се гледаме наскоро – напиша Рио на социјалните мрежи.

Првиот натпревар од мега пресметката се игра на Сантијаго Бернабе на 5 или 12 февруари додека реванш дуелот се игра на Олд Трафорд.

Мх.П.