Долгогодишниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон за англиските медиуми дека по завршување на тренерската кариера ќе се кандидира за директор на клубот во кој помина повеќе од 26 години.

По доаѓањето на Фергусон на чело на Јунајтед во далечната 1986 година, екипата од “Олд Трафорд“ доживеа ренесанса. “Црвените ѓаволи“ со Фергусон на клупата освоија 13 трофеи во Премиер лигата, две титули во Лигата на Шампиони и станаа една од најдобрите екипи во светот.

За наследник на бесмртниот Фергусон се споменуваат тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, Дејвид Мојс, Пеп Гвардиола актуелниот фудбалер на Јунајтед, Рајан Гигс и поранешниот “џокер“ на шкотланѓанецот, Оле гунар Солскајер.

Мх.П.