За услугите на Фалкао, Фергусон е подготвен во Атлетико да го прати Чичарито и да “искешира“ уште 30 милиони евра. Вниманието на Фергусон насочено кон Фалкао, богатите шеици на ПСЖ го искористија да им понудат богати договори на две важни алки во Манчестер Јунајтед, Вејн Руни и Португалецот, Нани.
Сезонава можеби и две, Нани не е на потребното ниво, а Руни е лидер на екипата иако по доаѓањето на Робин ван Перси, тој е во втор план. Руни со неговата борбеност ги плени срцата на навивачите и Јунајтед е незамислив без него во составот.
Со доаѓање на Фалкао, а заминување на Мексиканецот, Чичарито, Руни и Нани, “ѓаволите“ нема да добијат толку многу, колку што можат да изгубат бидејќи тие се миленици на навивачите и носители на успехот изминатите сезони на Олд Трафорд.