Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед беше на чекор од победа против Реал Мадрид, но лесно можеше да се случи и да замине со негативен резултат. Робин ван Перси пропушти две колосолани прилики за погодок, а Де Геа го спасуваше Јунајтед од пораз.

– Давид Де Га имаше три или четири фантастични интервенции, а ние толку успеавме да не ги претовориме во погодок. Можам да кажам дека креиравме повеќе шанси на мечот и игравме констатно напаѓачки фудбал. Реал Мадрид сакаше да ја нагази топката, но фудбалерите за врска одиграа маестрално и сега на Олд Трафорд имаме големи шанси за пласман понатаму – посочи шкотскиот стратег, Алекс Фергусон.

Реванш натпреварот од осминафиналниот дуел се игра на 5 март во Манчестер, на “Олд Трафорд“.

Мх.П.