Селекцијата на Украина на најдобар можен начин го завери билетот за учество на Европското првенство следната година. Украинците на домашен терен пред своите гледачи го совладаа европскиот првак Португалија со 2-1 и го осигураа првото место во групата.

Двете селекции на преполниот Олимписки стадион во Киев одиграа фантастичен натпревар. Домаќините за нијанса беа поквалитетни и поефикасни во завршница, додека Португалија иако изгуби не се посрамоти. Украина после 30 минути игра имаше водство 2-0. Во 6-та минута прецизен за почетна предност беше Јаремчук, а во 28-та минута на 2-0 зголеми Јармоленко.

Во второто полувреме, Португалија се отвори почна да напаѓа и во 72-та минута преку Роналдо од пенал го намали резултатот. До крајот, португалците притискаа но украинците со добра игра во одбрана и мала доза на среќа го задржаа водството.

Резултати:

Група А: Бугарија – Англија 0-6, Косово – Црна Гора 2-0

Група Б: Украина – Португалија 2-1, Литванија – Србија 1-2

Група Х: Франција – Турција 1-1, Исланд – Андора 2-0, Молдавија – Албанија 0-4

OhridNews