СРК „Св.Апостол Петар“ и „Рибарска Вистина“ во склоп на третиот Македонскиот саем за  туризам за прв пат ќе организират „Фестивал на Плашица“. 


Во рамки на првиот дел од оваа манифестација, во каналот Студенчишта ќе се одржи натпревар во риболов, во дисциплината лов на риба на пливка.  Пред хотелот “Парк”, пак каде што ќе се одржува третиот саем за туризам,  ќе се организира натпревар во правење рибја чорба.


Дегустацијата на чорбата и специјалитети од плашица ќе биде дел од програма на отварањето на саемот. Специјалитетите од плашица ќе бидат изложени и оценувани од стручно жири. Трите првопласирани чорби и сите специјалитети од плашица ќе бидат изложени во просторијата каде се одржува саемот, со сите други јадења од Македонската национална кујна.


Стопанскиот риболов на Охридско Езеро е забранет , па затоа СРК  “Св.Апостол Петар” од уловената риба на натпреварите со јадица на пливка, ќе обезбеди и ќе подари  по 2 килограми плашица на секој заинтересиран ресторан или хотел.

Ohridnews