Претседателот на фудбалската федерација на Македонија на денешната средба со претседателите на клубовите побара клубовите да ги почитуваат роковите и понуди помош од страна на генералниот секретаријат на федерацијата.


-“ Ќе бидат изготвени документи од Министерството за правда кои ќе можат да се подигнат во ФФМ за да можат клубовите да се пререгистрираат во Акционерски друштва (краен рок 30.06.2012). Клуб кој нема да се трансформира правовремено нема да биде вклучен во Системот на натпреварување бидејќи казните предвидени во законот за спорт се многу високи – велат од ФФМ.

Од федерацијата сметаат дека ваквите средби се повеќе од добредојдени и дека може да бидат иницијална каписла за формирање на здружението на прволигаши кое тековно би ги решавало проблемите со кои се соочуваат клубовите во текот на сезоната.

Ohridnews