Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), од утре (петок) до 23 октомври ќе започне со враќање на паричните средства за билетите за натпреварот помеѓу селекциите на Македонија – Косово. Бараж средбата од полуфиналето во плејофот во Лигата на Нации за пласман на Европското првенство следната година требаше да се одигра 30 март, но истата беше одложена поради кризата предизвика од вирусот ковид -19. Мечот после неколку презакажувања и одложувања ќе се одигра денеска, без присуство на публика на трибините.

Купените билети охридските поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да ги заменат во Туристичката агенција „Глобус Травел.“ Потребно е да се покажа личен документ и оригиналниот билет. Сите кои имаат проблем во процесот на рефундацијата можат помош да побараат на [email protected].

Од Фудбалската федерација на Македонија, упатува благодарност до сите поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација за подготвеноста да ја бодрат нашата селекција со надеж дека во најскоро време одново на вистински начин ќе бидеме поттик за омилената репрезентација.

OhridNews