Фудбалската федерација на Македонија на 17 март (недела) со почеток во 10 часот во Хотелот Инекс-Горица на Редовно генерално собрание на вондредни избори ќе избира нов претседател, кој ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече минатата година.

Единствени пријавен кандидат со сите исполнати услови е Муамед Сејдини, кој моментално извршува функција в.д. претседател. Тој е кандидиран од матичниот Општински сојуз од Кичево.

Своето присуство во Охрид на Редовно Генерално Собрание со вонреден избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија го потврдија УЕФА, ФИФА, Агенцијата за спорт и млади и Македонскиот олимписки комитет.

Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) на Собранието на ФФМ во Охрид ќе ја претставуваат Давор Шукер, член на Извршниот комитет на УЕФА и Алекс Филипс, раководител за управување и усогласеност во УЕФА. ФИФА ќе ја претставува Хејди Беха, менаџер за развој во Светската фудбалска Асоцијација.

Агенцијата за спорт и млади (АМС) преку допис до ФФМ го потврдија присуството на директорот на Агенцијата за спорт и млади, Дарко Каевски, но доколку не е во можност заради големиот број на работни обврски, како што стои во дописот, АМС ќе ја претставува раководителот на сектор спорт, Томислав Андоновски.

Македонскиот олимписки комитет ќе го претставуваат претседателот на МОК, Васил Тупурковски и генералниот секретар, Сашо Поповски.

OhridNews