Светската фудбалакса организација (ФИФА) го состави идеалниот тим од фудбалери, кои, го одбележаа Мундијалот во Русија. Очекувано, најмногу доаѓаат од шампионот Франција, а по два преставници имаат вицешампионот Хрватска, полуфиналистот Англија и Бразил кој во 1/4 финалето ги заврши мечевите на СП. Еден свој фудбалер има третопласираната Белгија.

Француската четворка во идеалниот тим ја предводи голманот Лорис, потоа Варан во одбраната, а во нападот ги имаат М`бапе и Гризман. Хрватски преставници се Ловрен и Модриќ, англиски Трипер и Јанг, а бразилски Паулињо и Нејмар. Капитенот на Белгија, Азард ја комплетира најдобрата постава на Мундијалот.

По малку е чуден изборот на ФИФА, затоа што место немаше за најдобриот стрелец Хари Кејн и за уште неколку фудбалери кои брилираа на Мундијалот во Русија.

Тимот на СП: 

Голман: Хуго Лорис (Франција)

Одбрана: Кевин Трипер (Англија), Рафаел Варан (Франција), Дејан Ловрен (Хрватска), Ешли Јанг (Англија)

Среден ред:  Паулињо (Бразил), Лука Модриќ (Хрватска), Еден Азард (Беглија)

Напад: Килијан М`бапе (Франција), Нејмар (Бразил), Ентони Гризман (Франција)

OhridNews