Асот на Барселона и аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси е фудбалер на годината според изборот на ФИФА. Меси за најдобар прогласен беше на гала церомонијата која вечерва се одржа во италијанскиот град Милано.

Аргентинецот во финалната трка за наградата најдобар фудбалер според ФИФА ги совлада Кристијано Роналдо кој не присуствуваше на церомонијата и Вирџил ван Дајк кој претходно се закити со наградата од Франц фудбал.

Меси минатата сезона со Барселона ја освои титулита во шпанската Ла лига и финишираше како најдобар стрелец во Лигата на Шампиони. Во изборот на ФИФА гласаат селекторите и капитените на репрезентациите а во предвид се земаат и гласовите од симпатизерите на фудбалот.

ФИФА на гала церомонијата го прогласи и тимот на годината. Во него се наоѓаат фудбалери од Ливерпул, Барселона, Ајакс, Реал Мадрид, Челси, ПСЖ и Јувентус а нема од Манчестер Сити, кој триумфираше во Премиер лигата.

Тимот на годината: Алисон Бекер, Матијас де Лихт, Серхио Рамос, Вирџил ван Дајк, Марсело, Френки де Јонг, Лионел Меси, Еден Азард, Килијан Мбапе, Лука Модриќ, Кристијано Роналдо.

Фер плеј наградата му припадна на тимот на Лидс за потегот на дуелот со Астон Вила. Наградата „Пушкаш“ за гол годината ја освои Даниел Зори, а за најдобар тренер прогласен беше Јирген Клоп. Во женска конкуренција најдобра фудбалерка е Меган Рапионое од Америка а наградата за најдобар тренер и припадна на Жил Елис која ја предоводеше Америка до златниот медал на СП.

OhridNews