Светската фудбалска федерација суспендираше осум бразилски играч од Премиер лигата до 14 септември, објави Би-би-си. Причината е што клубовите одбија да пуштат играчи во националниот тим во септемвриската пауза за репрезентативни настапи.

Играчите викендов нема да можат да играат за своите тимови на натпреварите во Премиер лигата.
Покрај тоа, суспензијата ќе се прошири и на првиот натпреварот од Лигата на шампионите оваа сезона. Дефанзивецот на Челзи, Силва, ќе го пропушти натпреварот со Зенит во вторник, исто како и играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Фред против Јанг Бојс.
OhridNews










