Стопанска банка АД – Скопје е присутна во Охрид од самите свои почетоци и се гордее што речиси 80 години е финансиски партнер од доверба за граѓаните и за компаниите кои гравитираат околу градот. Следејќи ги современите потреби за клиентите кои ги користат филијалите на Банката, неодамна Стопанска банка изврши преселба на филијалата и вработените во нов простор во центарот на градот.

Во куќата на ул. „Димитар Влахов“ бр. 2 која го задржа својот автентичен охридски изглед, Банката ја вклопи работата на филијалата на начин што им нуди на клиентите појасна поделба на функциите, поголема достапност и подобрени услови за соработка со нашите вработени.

По тој повод, Банката денеска организираше пригоден коктел во просториите на новата филијала во присуство на членовите на Управниот одбор и останати директори од централата на Банката кои беа активно вклучени во подготовката на новиот простор и неговото уредување.

Охрид е толку атрактивен и препознатлив по својата автентична архитектура и природни убавини што заслужува сите кои функционираат во него да делуваат од атрактивни простории. Затоа, нѐ радува што можеме да функционираме на оваа нова локација сместена во најубавиот дел од градот и тоа во куќа како културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на нашата Банка и силното присуство во градот и регионот. Изразувам голема благодарност на сите наши колеги кои помогнаа да се спроведе овој проект; планираме новата филијала целосно да ги задоволи потребите на нашите клиенти, граѓани и компании бидејќи покрај традиционалните банкарски активности, ќе биде советодавен центар кој на најдобар можен начин ќе ги поддржува компаниите и домаќинствата во регионот, изјави генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, Диомидис Николетопулос.

Директорот на филијала Охрид, Дејан Блажески истакна дека како дел од најголемата банка на пазарот која се уште расте и се развива заедно со своите клиенти, чекорот на преселба на филијалата во нови објекти со модерен отворен концепт е сосема соодветен.

Ме радува фактот што веќе ги имавме првите денови во овој наш нов дом и успеваме да покажеме дека Охрид може да продолжи да се потпира на услугите и производите на Стопанска банка која со генерации е во поддршка на градот и регионот. Благодарност до менаџментот за секојдневната поддршка во реализацијата на овој значаен проект, тимот од филијалата ќе продолжи да остварува резултати и да биде значаен дел од организацијата, додаде Блажески.

Новите простории на филијала Охрид се наоѓаат на ул. „Димитар Влахов“ бр. 2, со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот. Во градот се достапни дополнителни 5 АТМ локации.

OhridNews