По вчерашните разговори со членовите на Комитетот за имунизација, донесени нови препораки во однос на вакцинирањето.

Се препорачува трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 годишна возраст, кај сите здравствени работници без разлика на возраста и кај сите пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба исто без разлика на возраста. Третата доза на вакцина треба да биде од производителот Фајзер, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Се очекува овие денови Данска да ја објави и официјално донацијата од 250 илјади вакцини од производителот Џонсон, вакцина која има рок до 2023 година.

Следните денови детално ќе ја презентираат методологијата за скрингот на тестирање на учениците во основните и средни училишта. Факт е дека има една одредена, многу мала трансмисија и сакакме да направиме скриниг на состојбата, поради тоа што многу често децата се и асимптоматски носители, додава Филипче.

Инаку според последните податоци во однос на вакцинирањето надмината е бројката од 700 илјади граѓани кои се ревакцинирани.

Н.С.Ј.