Мерката што денеска ја најави премиерот Мицкоски, да се намали ДДВ на горивата од 18% на 10% е прво задоцнета а второ е далеку од доволна и нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата кои што граѓаните ќе ги плаќаат. Пва на прес конференција го изјави претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

Цените на горивата веќе три недели се покачени. Прво дизелот се покачи за 14 денари, па потоа за уште 7 денари, и тоа се 21 денар. За утре се очекува ново поскапување на горивата. И имајќи го предвид ова намалување на ДДВ-то, тоа значи дека граѓаните нема да видат во текот на утрешниот ден, следната недела, следниот период вистинско намалување на цените на горивата кои што ќе ги плаќаат на бензиските пумпи. Туку горивото очекуваме да се зголеми за дополнителни 4 до 6 денари согласно новата пресметка на цената.

Значи, апсолутно задоцнета и мерка која што никако нема да даде ефект кој што ќе го почувствуваат граѓаните, рече Филипче. 

Според Филипче, досегашните покачувања на цените ги чинат граѓаните околу 4,5 милиони евра. Што чекаше премиерот Мицкоски три недели? – праша Филипче.

Започнати се веќе поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм. И сега нема мерка за намалување на цените на храната.А овие цени кога еднаш ќе се покачат тие повеќе нема да се вратат назад, рече Филипче.

Тој го обвини премиерот дека наместо со приоритетите на државата изминатите три недели се занимавал  со прослави на ЕПП на трошок на граѓаните, продолжен викенд, со спинови, дефокус, навреди, недоличен речник, напади врз него лично и до опозицијата# овенувајќи ги како лаги информациите дека сме биле четврта економија во светот.

Филипче кажа дека во овој момент треба да се заштити животниот стандард на граѓаните а не интересите на тие бизнис структура и побара да бидат усвоени предложените мерки од опозицијата.

Намалувањето на цената на ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, дополнително намалување на акцизата за горивата за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени продукти и преполовување на цените на патарините. Само со мерката за укинување на ДДВ на храната ќе поевтинат околу 250 производи, а граѓаните ќе заштедат над 2.000. Тоа се вистински мерки и затоа владата мора апсолутно веднаш овие мерките ги прифати и потоа да подготви и пакети за помош на ранливите категории, истакна Филипче. 

OhridNews

Фото: СДСМ