Филм „Гостинот“ на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во среда (15.12.2021) и четврток (16.12.2021) почеток 19.00 часот.
Станува збор за комедија во режија на Дучо Кјарини, а улогите се доделени на Даниеле Паризи, Силвиа Д`Амико, Ана Белато, Тони. Спаѓа во возрасна прва категорија и во времетраење: 94 минути
Гвидо мислеше дека води некомплициран живот, сè додека, едно зимско попладне, ќе доживее ненадеен шок од неговата девојка Кјара. Гвидо е принуден да го спакува куферот и да го напушти нивниот стан – но каде да оди? Тој ги замолува своите родители и пријатели да го примат и така почнува да преспива на нивните каучи прифаќајќи ја улогата на сведок на нивните секојдневни животи и нивните различни романтични аспекти, се вели во описот на содржината за филмот.
Картите по цена од 100 денари може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
Проекцијата ќе се одвива согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.
OhridNews












