Институтот за филм-Филмска Академија Охрид, од 9-ти до 12-ти март, го организира својот втор студентски филмски фестивал–Филмоција (Feelmotion)- чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид. Во рамки на фестивалот предвидена е разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.

Со сопствени филмови и студенти на фестивалот ќе учествуваат: Универзитетот Гоце Делчев-Штип, Есра и ФДУ-Скопје, Тетовскиот Универзитет, Хасан Приштина од Косово, ФАМУ од Чешка, ФДУ Цетиње од Црна Гора, Универзитетот Јашар од Турција и Национална Академија за Театар и Филм од Бугарија.   

Официјалното отворање на фестивалот ќе биде во четврток, 9-ти март во 19 часот со филмот „90 минути-Проект Берлин” на Иво Трајков, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.

OhridNews