Изградбата на улицата низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид, влегува во завршна фаза, објави денеска градоначалникот Константин Георгиески. Привршуваат инфраструктурните работи, а поставен е и вториот слој асфалт.

Продолжуваме интензивно да работиме за подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот финишираат градежните активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.Во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата. Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување. – истакна Георгиески.

OhridNews