По победата против Португалија на гостински терен од 86-78, репрезентацијата на Финска ги заврши дополнителните квалификации за Евробаскетот на првото место и се приклучи на нашата група.


Натпреварот против Финска на Евробаскетот, репрезентацијата на Македонија го игра на четврти септември со почеток во 15.30 часот. Пред да играме со Финска, ќе се сретнеме со Црна Гора, Хрватска и Грција.