Ниту годините, ниту местата не се пречка за каранацица и тепачка. Физичките пресметки и нарушувања на јваниот ред во Охрид, ги има речиси во секој Билтен на полицијата. Во денешниот СВР Охрид издвои два такви настани.
На 31 јануари во 13.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 75-годишно лице врз 62 годишен охриѓанец. Против напаѓачот, исто така охриѓанец, ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.
Во исто време и на истото место 37-годишен жител на Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои преземале мерки од областа на безбедноста.
Против него, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена пријава. – соопшти СВР Охрид.
OhridNews












