На неколку места во градот утрово биле забележани флаери со политичка содржина кои се однесуваат на платформата на партиите на етничките Албанци и СДСМ. На дел од фотографиите го има лидерот на СДСМ Зоран Заев од едната страна и лидерите на партиите на Албанците со премиерот на Албанија, под кои стои пораката „Ако не се согласуваш активирај се“. На други пак се  предупредува на последиците од официјализирањето на албанскиот јазик за втор службен во земјата.

Кој ги растурил овие флаери не е познато, а засега отсуствуваат реакции од политичките партии за ваквиот чин.

OhridNews