Од оваа година за прв пат, на 15 август на сцената на Античкиот театар во Охрид, во организација на „Лав продукција“ ќе се оддржи избор на „Песна на летото 2012“. 
Идејата  на организаторите е поголемиот број песни кои ќе бидат изведени на фестивалот да се веќе промовирани, а ќе има и   песни кои првпат ќе бидат испеани токму на овој фестивал.

 


– Се надеваме дека со овој  фестивал ќе се збогати забавниот и културниот дел на туристичката  сезона во Охрид, како и понудата на македонски песни која недостасува. Се надеваме  дека  фестивалот ќе се избори  за свое место  на  фестивалската  сцена  во  Македонија, вели сопственикот на охридското Радио Лав, Иван Пашоски.

Фестивалот ќе биде од ревијален карактер, а на него ќе земат учество голем број фолк ѕвезди од Македонија, меѓу кои и Јордан Митев, Војо и Дамјан Стојаноски, Марјан Коцев, Благица Павлоска и уште многу други.

-Фестивалот ќе  биде  пренесуван на неколку телевизии низ  Македонија, како  и во соседна  Бугарија  од  каде  покажале интерес  неколку  телевизиски куќи да го  емитуваат ова наше прво издание, а се надеваме дека  веќе од следната година  ќе биде пренесуван директно на една од националните телевизии, како и на некои сателитски канали, изјави  директорот на „Лав продукција, Борче  Пашоски.

Единствената награда на „ФОЛК ХИТ ПЕСНА НА ЛЕТОТО“, ќе ја додели публикате за песната која ќе биде избрана за најслушана песна во годината. 

OhridNews