Во Агенцијата за вработување вчера беше формиран Совет на работодавачи  којшто ќе учествува во креирање на политиките за вработување, работни места и работна сила. Советодавното тело треба да биде и филтер на сите мерки на Агенцијата за вработување пред нивната примена на пазарот на труд.

Во Советот членуват претставници на 16 големи компании од повеќе дејности и шест организации на работодавачи. Претежно се ангажирани раководни лица или претставници од одделите за човечки ресурси, на  волонтерска основа.
 
-Првично ќе има советодавна, а потоа и филтрирачка одлука која ќе треба да ја имплементираме во нашето работење, Советот е основан поради недостатокот на квалитетната работна сила која може да им се понуди на работодавачите, велат од Агенцијата за вработување.
 
Оттаму информираат дека до 25-ти овој месец трае огласот за проектот „Кредитирање“. Со него се овозможува кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места за млади лица до 29 години, за отворање сопствен бизнис и кредитирање за отворање сопстствен бизнис.

OhridNews