Попладнево се одржа ждрепката за групната фаза од фудбалската Лига на Европаи Конференциската лига за сезоната 2021/22.
Лигата на Европа донесе интересни, но се чини релативно изедначени групи. Состав на групите:
Група А: Лион, Ренџерс, Спарта, Брондби
Група Б: Монако, ПСВ, Реал Сосиедад, Штурм
Група Ц: Наполи, Лестер, Спартак, Легија
Група Д: Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, Антверпен
Група Е: Лацио, Локомотив Москва, Марсеј, Галатасарај
Група Ф: Брага, Црвена ѕвезда, Лудогорец, Митјиланд
Група Г: Баер, Селтик, Бетис, Ференцварош
Група Х: Динамо Загреб, Генк, Вест Хем, Рапид.

Првото коло ќе се одигра на 16 септември, последното коло ќе се одигра на 9 декември.
Денеска беа извлечени и групите во Конференциската лига, која стартуваа од оваа сезона. Во третото по јачина натпреварување под капата на УЕФА има екипи и од најсилните лиги на светот.
Група А – ЛАСК, Макаби Тел Авив, Алашкерт, ХЈК Хелсинки
Група Б – Гент, Партизан, Флора Талин, Анортозис
Група Ц – Рома, Зорија, ЦСКА Софија, Бодо
Група Д – АЗ Алкмар, Клуж, Јаблонец, Рандерс
Група Е – Славија Прага, Феенорд, Унион Берлин, Макаби Хаифа
Група Ф – Копенхаген, ПАОК, Слован Братислава, Линколн
Група Г – Тотенхем, Рен., Витесе, Мура.
OhridNews











