Здружението на граѓани корисници на лифтови, кое е формирано оваа година, има за цел зголемување на свеста за значењето на користењето на лифтовите, како и зголемување на безбедноста на граѓаните при користењето на истите.

-Станува збор за аспект на кој воопшто не е посветено внимание, а е особено важен за безбедноста и здравјето на граѓаните, па цел на Здружението е токму да го актуелизира ова прашање. Сите ние секојдневно сме корисници на лифтови и ескалатори, без разлика дали ги кориситиме во станбената зграда во која живееме или пак при вршење на секојдневните активности, посета на институции итн. Факт е дека во голем дел на објекти лифтовите кои се користат се дотрајани и стари и по повеќе од 20 години, а нивната замена или поправка претставува особен товар за куќните совети во станбените згради, со оглед на тоа што истото подразбира големи финансиски издатоци, а од друга страна новите лифтови се со особено слаб квалитет и прилично небезбедни за користење. – велат од здружението.

Приоритет на здружението ќе биде соработка со надлежните органи, тела и институции како на национално, така и на меѓународно ниво, со цел обезбедување на финансиска помош и поддршка за замена или поправка на дотрајаните лифтови, како и зголемување на квалитетот на новите лифтови кои се произведуваат и вградуваат, а со помош на донации и изработување на проекти.

– Приоритет на здружението е и едуцирање на граѓаните и запознавање со начинот на функционирање на сервисните куќи како и инспекциските тела за лифтови и нивните праваи обврски, со цел спречување на здружување и манипулација на корисниците од страна на фирмите кои се занимаваат со одржување на лифтовите инспекциските тела,правата и обврските на државниот инспекторат поврзани со истото прашање, а во таа насока и обезбедување побезбедни лифтови за сите корисници на истите. – истакнуваат од Здружението на граѓани корисници на лифтови.

OhridNews