На 26ти април 2013 година Независната аматерска театарска група „Аматер“ го реализира својот прв проект – претставата „Сите мои синови“ од Артур Милер. Овој четврток беше одбележан петиот роденден на „Аматер“ со забава и дружење во Jazz Inn.
На роденденската забава присуствуваа дел од досегашните соработници и поддржувачи на „Аматер“, на кои групата им се заблагодари и порача дека не застануваат тука и дека ова е само почеток.
Досега „Аматер“ брои 3 премиери: „Сите мои синови“ во 2013 година, „Генетика на кучињата“ во 2014 година и „Буре барут“ во 2017 година. За претставата „Буре барут“ беше доделено и специјално признание на 53тото издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.
Во 2014 година „Аматер“ за прв пат настапува на Охридско лето на промоцијата на „Поезија – ткаења“ од Славе Ѓорго Димоски, а истата година станува дел и од Поетска ноќ во Велестово. Оваа година за прв пат се одржа и поесткото читање на авторска поезија „Имам нешто да ти кажам“ Vol. 1 кои беше поддржано од „Аматер“ а организирано од Јован Цветкоски.
За скоро следува и „Имам нешто да ти кажам“ Vol. 2. Освен тоа Аматер работи и на подготовки за следниот период што вклучуваат две претстави за кои се планира премиерно да се одиграат во ноември оваа година и во првото тримесечие на наредната година.
Фото галерија:
5 години НАТГ „Аматер“ – само почеток
OhridNews
фото: Анамарија Момироска


























