Вчера вечер, на градскиот плоштад концерт одржа групата „Анастасија“. Концертот кој беше дел од прославата за празникот Св.Кирил и Методиј имаше и хуманитарен карактер, беа поставени кутии за донации за едно мало девојче кое боледува од леукемија и и е потребно итно пресадување на коскена срж.

Со цел да се собере што поголем дел од сумата потребна за операција, но и да се запознаат граѓаните со случајот, младите од Црвениот Крст Охрид попладнево во 18 часот ќе имаат хуманитарен концерт. Граѓаните можат да донираат средства во речиси сите кафичи каде има поставено донаторски кутии со знакот на Црвен Крст.

OhridNews

Фото: Анамарија Момироска