Култниот диџеј od Детроит – САД, Дерик Меј и Македонската филхармонија, вечерва, под диригентската палка на сестраниот уметник Џијан Емин, изведоа необичен музички перформанс на Античкиот театар во Охрид.

Концертот, кој беше проследен со овации од публиката, беше спој на електронска и класична музика на симфонискиот оркестар, проследена со светлосни ефекти, видео и аудио поддршка.

Дерик Меј е еден од пионерите на техно-сцената во Детроит, а критиката го нарекува Мајлс Дејвис во светот на техно-музиката поради неговиот оригинален, комплексен и меланхоличен стил. 

 

 

Меј и Македонската филхармонија изведоа адаптирани музички дела создадени од американскиот диџеј во текот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години.

OhridNews