Летниот период како по правило го “наполни“ СРЦ “Билјанини Извори“ со рекреативци, а баскетџиите се во преден план. Се игра кошарка на “коска“, а желбата е што подолго да се остане на теренот.


Не се бираат средства да се победи својот противник. Најголема причина за тоа е што има многу “тројки“ па никој не сака да загуби и да одмара – велат баскетџиите.


Најјакото оружје на “финтаџитите“ е правилото “фаул и кош“, а не ретко искри летаат и за еден аут.


 – Ние сме нон стоп овде и добро се познаваме, нормално е во жарот на борбата да полета некоја искра, но се се` сведува на џентлменски договор – додаваат играчите помеѓу две партии.

М.П.