ГРК Охрид победнички ја започна новата сезона во Супер лигата. Попладнево во Струга, во Езерското дерби, РК Струга – ГРК Охрид 17:25, полувреме 7:11.

Стефан Дрогришки со победа го прослави 29-от роденден, додека на паркетот во салата “Нико Нестор” ракометен танц имаа крилата Ојлевски и Цирар со по 7 погодоци.

Статистика ГРК Охрид: Гоце Ојлески 7, Крсте Андоноски, Никола Стоилевски, Стефан Дрогришки, Никола Шипинкоски 2, Иван Тасески, Рудолф Шафранко, Милорад Кукоски, Горан Крстевски, Деан Шешиќ 7, Ерај Каракоч, Орјоникидре Теимураз, Владимир Бојаниќ 2, Гал Цицар 7, Даниел Ѓорѓески.

Во 2 коло ГРК Охрид на домашен терен го пречекува вицешампионот Алкалоид.

OhridNews