Поделба на бодовите, два погодоци, два црвени картони, тензија на теренот и на трибините и отпосле пред влезот на стадионот понуди дерби пресметката помеѓу Лабуништа – Пелистер која се одигра во Струга во рамките од Втората лига-запад.

Црвените картони за недолично и неспортско однесување ги добија претставниците на клупата од Лабуништа, двете екипи постигнаа по еден погодок, тензијата на теренот со оглед борбата за бодови е оправдана а пред влезот на стадионот без потребна.

Лабуништа водеше и прокоцка одлична прилика за доближување до Пелистер на врвот од табелата кој пак со прикажаната игра може да биде задоволен освоениот бод.

Мх.П.