Во рамки на манифестацијата „Taste Ohrid 2018“, охриѓани и гостите овој викенд имаат можност да вкусат прекрасни специјалитети подготвени од врвни готвачи, меѓу кои е и шефот со Мишелин ѕвезда Џорџо Дијана.

 

Попладнево во паркот пред хотелот „Su“ на кејот „Македонија“ се приготвуваа специјалитети од локални продукти по желба на минувачите. Тие избираа продукти, а врвните готвачи ги претвораа во вкусна магија.

Гастрономскиот викенд беше збогатен со гала вечера во рестиранот на хотелорт „Su“, на која присуствуваа голем број познати личности, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, претстaвници на дипломатскиот кор во земјата, на Факултетот за туризам и други образовни установи, бизнисмени…

Настанот „Taste Ohrid 2018“ е организиран од Општина Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југозападна Македонија, а поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.

OhridNews