На свеченост што се одржа вечерва во центарот за култура „Григор Прличев“, беа доделени наградата и признанијата Св. Климент Охридски – патрон на Охрид. Годинешен добитник на највисокото општинско признание, наградата за животно дело Св. Климент Охридски – патрон на Охрид е доајенот на македонското пливање Александар Леко Радиќ, а добитници на повелби се фотографот Стојан Стојаноски и соло пејачката Миланка Новеска.

Свеченоста беше збогатена со настап на младиот и талентиран музички уметник од Охрид Даниел Mojсоски, како и со пригоден перформанс на хорот при ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид и актерот на Народниот театар од Охрид Стрезо Стаматоски.


Доделени наградата и повелбите Свети Климент Охридски – патрон на Охрид

Г.Момироски

 

Бакрачески: Секоја генерација има своја одговорност во градењето на иднината и развој на нацијата

Охриѓани се поклонуваат пред моштите на заштитникот – Св. Климент е ехо на вечноста на Охрид