Охрид сакат, Охрид мојт, Охрид трчаТ! Вака гласи најкусиот извештај од спортската манифестација „Охрид ТрчаТ“ која денеска го обедини Охрид.
Голем број локални, но и други компании го поддржаа второто издание на атлетската манифестација „Охрид ТрчаТ“ покажувајќи сенс, но и голема општествена одговорност. Тимови на помагателите на спортскиот настан и на голем број компании, кафетерии, невладини организации учествуваа во „тим билдинг“ трката на пет километри. Меѓу учесниците беа и лајансите од Лихнидос кои трчаа за Центарот за грижа на лица со посебни потреби „Зраци“. Заедно со нив беше малиот голем јунак Јане Велковски кој се бори со ретка болест. Заедно со храбрите членови на Здружението за правата на лицата со ретки болести беше и седумнаесетгодишно момче кое ја истрча трката на пет километри и покрај тоа што пред неколку дена било на апарати за дијализа. Меѓу илјадата учесници беа и пожарникарите од ТППЕ Охрид, играорци, познати јавни личности, политичари… Спој каков што само спортот може да направи. За сите нив организаторот обезбеди пригодни подароци, но и креативни сувенири кои ќе ги потсетуваат на уште едно одлично издание на спортската манифестација „Охрид ТрчаТ“. Настанот го опслужуваа над 150 волонтери кои заслужуват големи честитки за сработеното.
Тие што не беа во можност да дојдат на градскиот плоштад можеа да го проследат настанот низ директоен пренос на интернет што го реализираше Мега продукција во соработка со OhridNews и водителите Тања Маленкова и Горан Момироски.
Моментите од второто издание на „Охрид ТрчаТ“ ги овековечи Анамарија Момироска.
Фото галерија:
Фото: Анамарија Момироска
Охрид сакат, Охрид мојт, Охрид трчаТ
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска
















































































