Ракометното дерби Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид во кое домаќините по голема борба славеа 27:24, мина во одлична атмосфера. Во исполнетата сала „Боро Чурлевски“ ритамот го диктираа битолските Чкембари и охридските Рибари. ГРК Охрид на оваа средба имаше поддршка од 250 симпатизери кои беа ветер во грб на гостинските ракометари. На крај се радуваа домашните навивачи.
Како изгледаше спортскиот амбиент во Битола, погледнете од фотографиите на нашиот фоторепортер Анамарија Момироска.
На теренот голема борба, на трибините извонреден амбиент, Чкембари и Рибари во елемент
Фото: Анамарија Момироска | OhridNews

























































