Празни улици, слободни паркинг места, комотни шеталишта. Вака е во Охрид после продолжениот празничен викенд со кој заврши главната туристичка сезона.


Ги нема веќе големите гужви од луѓе и возила. Плоштадите се речиси празни, а во чаршијата можете нормално да се разминете со минувачите. Најмалку од се има туристи. Нив ова лето ги имаше помалку од очекувањата, но сепак сезоната генерално се оценува како успешна.


Според првичните, неофицијални податоци од туристичкиот сектор, летово на охридската ривиера имаше 5-10% помалку гости во споредба со минатата година. Хотелиерите сметаат дека место за загриженост нема затоа што веќе од есен започнува сезоната на конгресен туризам која според најавите ќе ги наполни сместувачките капацитети во Охрид.

Ohridnews