Фото: Градот празнично украсен за големиот верски празник Богојавление-Водици
17.01.25 12:07
Градот празнично украсен за големиот верски празник Богојавление-Водици. Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ денес го украсуваа градското пристаниште од каде ќе биде положен Светиот крст, како и централното градско подрачје со верски знамиња.
По повод празнувањето на Богојавление – Водици на 18 јануари, утре– Водокрст, во храмот „Свети Никола Геракомија” ќе биде отслужена Утрена богослужба и Голем Богојавленски водосвет со почеток во 07:30 часот.
Во недела, 19 јануари на денот Водици богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, во стариот дел од градот, „Св.Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, „Св.вмч.Георги Горна Влашка Мала“, „Св. Никола Долна Влашка Мала“.
Со Светата Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Во 7:00 часот ќе биде отслужена Утрена богослужба, 8:15 часот Литургија, 9:45 Литијата ќе тргне кон градското пристаниште, а во 10:00 часот ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Во 12:00 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро.
По церемонијата за осветување на водите од Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, на градскиот плоштад е предвидена богата музичка програма. Свои настапи ќе имаат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.