По неколку месеци реновирање, со свечен коктел што се одржа синоќа, со работа повторно започна хотелот „Београд“, еден од најпрепознатливите угостителски објекти во Струга, чиј сопственик сега е бизнисменот Емин Папранику. 

Во моментов хотелот располага со 49 модерно уредени соби (ендокреветни, двокреветни, трокреветни и четворокреветни), а во следниот период ќе добие и нови апартмани. Хотелот кој има нова управувачката структура, целосно ја промени внатрешноста, надворешно има нова фасада, ресторанот и кујната, лобито, шанковите исто така комплетно се реновирани, а имаме и нова тераса со сепариња во струшката чаршија покрај реката Дрим. За претстојната сезона имаме склучено аранжмани со реномирани агенции и туроператори од регионот и пошироко, меѓу кои и со „Корендон“. Освен аранжани BB – доручек и вечера, работиме и целосни аранжмани, но нодиме и само услуга спиење. Хотелот располага и со конференциска сала со капацитет од 200 седишта, целосно опремена. – информираат од хотелот „Београд“.

На отворањето на реновираниот „Београд“, синоќа, присуствуваа голем број гости од Струга и Охрид.


Отворен реновираниот хотел „Београд“

OhridNews