Бетонската жардиниера која беше поставена на влезот во паркингот  кој е лоциран на пресекот помеѓу улиците „Македонски Просветители“ и „Даме Груев“, во непосредна близина на Чинарот во Охрид изминативе денови беше превртена и стоеше попречена на тротоарот.

Како оваа тешка бетонска жардиниера се најде во ваква положба не е познато, но се претпоставува дека врз неа дејствувала голема  физичка сила.

OhridNews