Штотуку венчани маладенци кои со чадор се криеја од дождот што вчера попладне го зафати Охрид, беа вистинска актракција за туристите во центарот на градот, кои не ја испуштија можноста да ја фотографираат оваа несекојдневна ситуација.

Претпоставуваме дека младенците се враќаа од свадбената фото-сесија која охридските фото-студија и фотографи по традиција ја прават на кејот во Охрид.

Постарите велат дека дождот на свадба носи бериќет, па им посекуваме ова дождливо попладне да им донесе многу среќа во бракот.

OhridNews