Под мотото „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“, во Центарот за култура „Григор Прличев“, вечерва се одржа хуманитарен концерт на кој настапија Ѓоко Танески, Камелеон, Владимир Четкар и  Фолтин. Публиката која дојде на концертот имаше можност да ужива во исклучително добрата изведба на познатите музички уметници кои несебично се приклучија во акцијата за помош на Јана.

33-годишната Јана Арсовска од Охрид, веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

OhridNews
фото: А. Момироска