Учениците од ООУ „Григор Прличев“ постигнаа извонредни резултати на Државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа во Скопје. Теодора Наумова од VIII одд. се круниса со наградата – државен првак со максимални 100 бода под менторство на проф. Билјана Николоска. Училиштето доби уште еден државен првак во седмо одделение, и тоа Доца Секулоска под менторство на проф. Кире Стојаноски.

Успехот не е случаен, се должи на огромна посветеност и труд. Љубовта кон македонскиот јазик учениците ја покажаа на најдобар начин со помош и поддршка од нивните наставници. Честитки и им посакуваме успех и понатаму!, додаваат од училиштето.
OhridNews












