Со настап на ѕвездичките од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ и пригодна програма, точно на пладне започна целодневната забава за дочекот на Нова година на градскиот плоштад, која ќе кулминира вечерва со голем огномет на полноќ.

-Атмосферата е одлична се збавуваме, тука се младите пејачи, како и Дедо Мраз, а изненадувања за дечињат подготви и Локалната самоуправа која ја организира целодневната забава. Остануваме тука се до вечер и заедно со бројните гости ќе ја дочекаме Новата година, истакна водителот на програмата, Жанко З’ш Голабоски.


Најмладите ја започнаа новогодишната забава на охридскиот плоштад

OhridNews