На исполнетиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид, синоќа концерт одржа познатата српска турбо фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца.

Настапот на Цеца го проследија илјадници нејзини обожаватели од Балканот, а музиката од концертот допираше до поодалечените градски населби.


Најпознатата балканска турбо фолк пејачка одржа концерт во Охрид

Истовремено во Охрид, на Античкиот театар настапи светската акапела и бит-бокс атракција “The Voca people”, а на плажата Парк започна петтото издание на “Green beach” фестивалот на кој настапуваат познати диџеи од светот.

OhridNews
фото: Александра Дејкоска