Со новата туристичка сезона на површина одново испливуваат старите проблеми на Охрид со одлагањето на сметот.


Веројатно оваа фотографии говори многу повеќе од зборови, но за жал ваквата слика се повторува со години. Несовесни граѓани, гости, наместо на соодветно место ѓубрето го одлагаат покрај магистралниот пат Охрид – Св. Наум на колекторска цевка. Мали диви депонии во туристичката сезона можат да забележат на повеќе места, што сериозно му штети на имиџот на градот.Очигледно е дека надлежните служби треба да ги зголемат напорите за отстранување на ваквите депонии, а општинскиот инспекторат да ги засили контролите и да ги казнува несовесните граѓани. Веројатно е потребна и поширока општествена акција и медиумска кампања за подигање на еколошката свест кај населението, која и покрај многуте позитивни примери и благо подобрување, се уште е на ниско ниво.

OhridNews