Со коктел на кој присуствуваа бројни гости, синоќа во Охрид, свечено беше отворен хотелот „Интернационал“ („Hotel International“).

Хотелот се наоѓа на булеварот „Туристичка“ непосредно до бензинската пумпа „Билјанини извори“. Изграден е во ултра модерен стил, а гостите покрај во удобното сместување, ќе можат да уживаат во бројните содржини или во омилениот пијалак на прекрасната голема тераса на „Hotel International“ во чиј склоп работи и кафетерија.

-Хотелот има 36 соби, еднокреветни, двокреветни и апартмани. Комплексот има спа и фитнес центар, масажа, џакузи. Располага со модерно опремена конгресна сала, и ресторан наменет само за гостите во хотелот, на кои им нудиме услуга ноќевање со појадок. Веќе имаме склучено аранжмани за претстојната сезона, која ја очекуваме подготвено. – изјави генералниот менаџер на „Hotel International“ Томислав Илоски.

Со отварањето на „Hotel International“, Охрид доби нов и современ сместувачки капацитет изграден по светски стандарди, кој ќе ја збогати туристичката понуда на градот

Фото галерија:


Отворен хотел „International“

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ