Убавото време викендов привлече гости во Охрид.
Најмногубројни се домашните и туристите од соседните земји.
Многумина го искористија сончевото време за прошетка покрај Езерото.
Особено раздвижено е на кејот од езерото и во центарот на градот.
Раздвижена е и охридската флота. Туристите од езерска перспектива уживаат во убавините на Охрид.
Март засега ни носи топло време со температури повисоки од вообичаено. Расцветани се околните планини и веќе мириса на пролет.
Г.М.





















