Со пригодна свеченост, синоќа, О.У. Св. Климент Охридски, го одбележа патрониот празник. По тој повод во Центарот за култура се одржа пригодна свеченост. Поздравен говор одржа директорот Јордан Пуроски, а беа доделени признанија и награди за најуспешните во колективот. Свеченоста беше збогатена со музичка програма, а присутните во преполната сала уживаа во театарската претстава „Бегалка“, која специјално за оваа пригода ја подготвија учениците на О.У. „Св. Климент Охридски“.


О.У. „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник

Ohridnews
фото: Емилио